Франција е под национален карантин

Французите можат да го напуштат домот само за да купат храна и лекови, да одат на работа или од итни семејни причини.

Новиот карантин најавен за ограничување на вториот бран на коронавирус стапи на сила во земјата вечерва, објави Ројтерс.

Меѓу валидните причини за излегување е и возењето деца на училиште. Училиштата остануваат отворени, за разлика од пролетта, кога образовните институции беа затворени.

Универзитетите нема да работат. Кафулиња и ресторани исто така. Продавниците и другите продажни места се затворени, со исклучок на супермаркетите, јавните перални, аптеките, оптичарите, продавниците за поправки на автомобили и продавниците за авто делови. Луѓето ќе мора да работат од дома освен ако тоа не е технички невозможно, рече министерката за труд Елизабет Борн.