(ВИДЕО) Хорор во Ница три луѓе се убиени, а повеќе ранети во терористички напад

Францускиот министер за внатрешни работи Жерал Дерманен објави дека во тек е полициска акција во францускиот град Ница.

Тој за медиумите потврди дека три лица се убиени, а неколкумина се ранети во напад со нож. Напаѓачот кој во нападот го извикувал името на Алах, е уапсен.

Според неофицијалните информации на една жена и е отсечена главата, додека еден маж е прободен неколкупати во врат.