Голем пад на индексите на Волстрит поради стравот од нови ограничувања

Трет ден по ред паѓаат индексите на Волстрит. Цените на акциите веќе трет ден по ред паѓаат поради стравот од нови ограничувања кои негативно би влијаеле на светската и американската економија.

Најголемиот дневен пад на индексите Dow и S&P 500 од средината на јуни се должи на силниот раст на бројот на нови инфекции со корона вирусот во светот, особено во САД и Европа.

Индексот Дау Џонс потона 943 поени или 3,43 проценти на 26.519 поени, што е најниско ниво од крајот на јули, додека S&P 500 се лизна за 3,53 проценти, на 3.271 поени, а индексот Насдак 3,73 проценти, на 11.004 поени.