Денес во судот треба да продолжи судењето на рочиштето за случајот „Рекет“ со сведочење на Ана Камчева, сопругата на Орце Камчев, денеска во Кривичниот суд треба да продолжи рочиштето во кој се обвинети поранешната специјална јавна обвинителка Катица Јанева и Бојан Јовановски-Боки 13.
Камчева која во петок не сведочеше поради здравствени причини, денеска пред судот но и јавноста ќе треба да раскаже како на Јанева и носела 350 000 евра спакувани во кутија за чевли.
На поседното рочиште, што се одржа на 6-ти декември, сведочеше Орце Камчев, кој рече дека во повеќе наврати обвинетиот Боки 13 пробал да го уценува со, според него, наместен предмет „Империја” покренат од Специјалното јавно обвинителство, кој имал цел на нелегален начин да се стекне со поголема сума пари.
Од Јовановски, сведокот добил понуда за пи-ар реклама, Камчев му понудил 50.000 евра на што Боки 13 се навредил за висината на сумата.
На првото рочиште за „Рекет”, што се одржа на 3-ти овој месец, третообвинетиот Зоран Милевски-Кичеец беше осуден на три години затвор откако призна вина за случајот и предметот за него беше одвоен од оној против Јовановски и Јанева. Милески има право на жалба до Апелацискиот суд само во делот на висината на казната.
Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција отвори нова истрага во рамките на случајот „Рекет“, во кој случај ќе се истражува Меѓународниот сојуз на Бојан Јовановски-Боки 13. Донесена е наредба за спроведување истражна постапка против пет физички лица и едно правно лице, поради постоење основано сомнение дека првоосомничениот сторил продолжено кривично дело „измама” и кривично дело „перење пари и други приноси од казниво дело”.