Мерните станици на Министерството за животна средина и просторно планирање во текот на вчерашниот ден покажаа дека загадувањето во Кичево е девет пати над дозволеното.
Денеска од министерство информираат дека високата загаденост е резултат прекин со напојување со електрична енергија.
-Министерството за животна средина и просторно планирање информира дека високите вредности на ПМ 10 суспендираните честички кои пред кратко време се појавија на мерното место во Кичево се резултат на стабилизација на мерниот инструмент по настанат прекин со напојување со електрична енергија на тамошната Автоматска мониторинг станица за квалитет на амбиентен воздух, во периодот од 15 до 19 часот, пишува во соопштението.
Потенцираат дека по доаѓањето на електричната енергија мерните инструменти се рестартирани.
При тоа настанат е прекин во мерењата на сите параметри за квалитет на воздух вклучувајќи ги и мерењата на концентрацијата на ПМ 10 честичките. По доаѓањето на електричната енергија мерните инструменти се рестартирани, а појавените високи вредности на измерени концентрации на суспендираните ПМ честички се случија поради процесот на стабилизација на инструментот по неговото повторно ставање во функција и се невалидни, стои во објаснувањето од министерството.
Постојат многу небулози во врска со податоците од мерните станици на министерствтот. Додека граѓаните по социјалните мрежи се жалат за високата загаденост, вчера и во скопскиот регион мерните станици покажуваваа ниска загаденост.
Прочитајте повеќе.
Граѓаните се жалат, а мерните станици на Министерството за животна средина покажуваат чист воздух !?