Дневен хороскоп за четврток 29 октомври 2020

ОВЕН

Затрупани сте во обврските на сите страни и храбро донесувате одлуки без голема сентименталност дури ни кон самите себе. Ако се занимавате со работа во која имате голема конкуренција, веројатно сте подготвени напорно да работите за да ги постигнете целите. Многумина ве поддржуваат во постапките, продолжете така.

БИК

Комуникацијата ви оди од рака. Опуштени сте и духовити. Потенцијалниот партнер смета дека ви претстои успешна соработка. Не сте задоволни од емотивното поле, затоа што на другата страна често нешто и пречи и критикува.

БЛИЗНАЦИ

Денеска секако излезете зашто е можна средба за паметење, а некои би можеле и да се заљубат. Ќе ве интересира се што е креативно и што во себе вклучува создавање. Другиот дел од работата ќе ја одработите рутински. Концентрирајте се на позитивните работи.

РАК

Сакате да ја продолжите соработката со некоја Девица, Риба или Јарец. Потребни ви се подобри услови за работа и нов договор околу финансиските средства. Сакате да бидете сигурни и стабилни и во иднина, па затоа работите и нештата ги планирате уште од сега.

ЛАВ

Ако не сакате да се впуштите во некоја работа со Бикот мора да тактизирате за да се извлечете од таа ситуација. Сепак, доколку сакате тоа јасно и гласно да го кажете ќе мора да имате добри причини, инаку ќе бидете осудени. Вечерните часови искористете ги за релаксација и одмор.

ДЕВИЦА

Несогласувањето со колегите е на врвот, што се манифестира низ конфликт. Се критикувате едни со други. Задоволни сте од врската. Размислувате дека дошло време да направите чекор напред. Нервите се чувствителни.

ВАГА

И денеска е одличен ден за дружење и за зближувања. Одвојте дел од слободното време и излезете меѓу луѓе. Ништо нема да ви биде тешко кога станува збор за работата. Нема да се двоумите , ако треба да го подметнете грбот.

ШКОРПИЈА

Соработка со странците конечно почнува. Поради тоа сте задоволни затоа што сте вложиле многу труд за да дојде до неа. Брачниот партнер има потреба за блискост. Му излегувате во пресрет. Се чувствувате изморено.

СТРЕЛЕЦ

Интелигенцијата и комуникациските способности се вашето главно оружје кое овозможува да постигнете нова соработка. Во случај да сте слободни, не работите ништо да го смените својот статус. Стабилно.

ЈАРЕЦ

Транзитот на Месечината и Марс делуваат поттикнувачки на креативните типови од вашиот знак. Оние кои ќе се вклучат во новите проекти ќе пронајдат одличен начин за изработка, кој ќе биде пофален од лицата на високите позиции. Имате одлични соработници, искористете ја и нивната моќ за деловно да блеснете.

ВОДОЛИЈА

Би требало да имате доверба во лицето кое ве повикува на заедничка соработка. Имате неколку резервни планови во врска со таа соработка, но најмногу е потребно да не планирате туку да оставите работите да се реализираат една по друга. Некоја блиска личност ќе ве изненади со однесувањето.

РИБИ

Не сте задоволни од соработката со странство. Наместо очекуваниот почеток на зедничкиот проект, тие одложуваат. Не сте задоволни ниту од врската, затоа што партнерот ви делува оттуѓено. Проблеми со нервите.