Боинг ќе укине уште 7.000 работни места

Американскиот производител на авиони „Боинг“ објави дека ќе укине уште 7.000 работни места поради натрупаност на долгови заради пандемијата на коронавирусот.

Американскиот производител на авиони, кој веќе објави отпуштања, наведува дека до крајот ќе има 130.000 работници, што е за 20% помалку од 160.000 ангажирани пред кризата.

Боинг објави загуби од 466 милиони долари во кварталот до 30 септември, што е четврти последователен квартален пад на приходите.

Претседателот и извршен директор на Боинг Дејв Калхун изјави дека пандемијата продолжува да врши притисок врз бизнисот.