Граѓаните се жалат, а мерните станици на Министерството за животна средина покажуваат чист воздух !?

Грејната сезона е сеуште незапочната, а граѓаните веќе се жалат од високото загадување на воздухот. Додека секојдневно на социјалните мрежи се споделуваат фотографии од загадениот воздух, мерните станици на Министерството за животна средина покажуваат ниска загаденост.

На веб страната за квалитетот на воздухот на министерството денес 28.10.2020 година повеќе градови во Македонија се одбележани со зелена боја како ниско загадени.

Додека спротивно на овие податоци, мерните станици на веб страната www.mojvozduh.eu покажуваат висока загаденост на воздухот. Па се поставува прашањето дали функционираат и покажуваат реални податоци мерните станици на Министерството за животна средина.

Покрај коронавирусот граѓаните годинава ќе треба да се соочаат и со стариот проблем катастрофалниот воздух. Докторите алармираат дека долготрајната изложеност на штетните ПМ10 честички може да го зголеми ризикот од вирусни заболувања, вклучително и од КОВИД-19 дури и кај сосема здрав човек.