Дали може да се појават нови играчи на пазарот и да се намали електричната енергија ?  

Анализа на пазарот со трговија на електрична енергија

Трговијата со електрична енергија е една од основните дејности во македонската економија која е од круцијално значење за непречено функционирање на голем број на компании, а исто така неизоставен дел за задоволување на потребите на граѓаните. Со оглед на тоа што во последниов период производството на електрична енергија е во видикот на голем број на инвеститори, а понудата на електрична енергија се надополнува на најразлични начини (ветерници, хидроцентрали, фотоволтаици и сл),  се создава простор за афирмација на нови компании во секторот трговија, која и натаму останува клучниот елемент во синџирот.

Преку анализа на пазарот и сегментирање на најбитните елементи може да се изнесат голем број на заклучоци околу работењето на компаниите во овој сектор, со кои ќе се даде појасна слика за целата индустрија. Анализата е направена согласно податоците од водечката компанија од областа на управувањето со деловни податоци Таргет Груп и притоа селекцијата е сведена на големите и средните компании, додека малите компании и нивното учество во трговијата со електрична енергија ќе бидат предмет на посебна анализа.

Сегментираниот пазар е составен од 18 компании, кои согласно географската дисперзија мнозинството се основани и раководени од Скопје, додека една компанија е со седиште во Струмица. Иако бројката од 18 изгледа релативно голема, сепак треба да се нагласи дека 4 компании се под палката на групацијата ЕВН. Натаму во анализата се диференцираат 3 типа на сопственост: 3 компании се Акционерски Друштва, 2 ДОО и 13 ДООЕЛ. Ваквите бројки укажуваат на тоа дека не е потребна високо развиена корпоративна структура, голем број на администрација и разложена сопственичка сопственост, а со самото тоа и обезбедување на адекватно ниво на капитал и инвестиции за влез и вршење на оваа дејност.

Целосната анализа прочитајте ја на Пари.