Хорор во Србија: Жена дошла во болница поради болки во стомакот, па признала дека се породила и го фрлила бебето во ѓубре

Е.К. (37) синоќа се јавила на гинеколошкото одделение во болницата во Нови Пазар поради болки во стомакот, а на лекарите им рекла дека се породила во семејната куќа само неколку часа претходно.

Таа исто така изјавила дека го ставила бебето во торба и го фрлила во корпата за отпадоци лоцирана во дворот на нејзината семејна куќа.

Телото на новороденчето го донел сопругот на жената во болница.

E.K ќе одговара за кривичното дело убиство на дете при раѓање според српскиот Кривичниот законик.