Ковачев: Нема драма ако се одложат преговорите на ЕУ со Македонија, историската вистина мора да се прифати

Бугарскиот европратеник Андреј Ковачев во изјава за ТВ Европа  вели дека без прифаќање на историската вистина за Македонија нема почеток на преговорите со ЕУ.

-Позицијата на Бугарија е јасна ние не сакаме во ЕУ да влезе земја како Северна Македонија, со која нашите деца и внуци ќе ги имаат истите проблеми со фалсификувањето на историјата. Не сакаме тие да се мразат со потомците на Зоран Заев, бидејќи учеле според различни образовни програми. Многу е великодушно тоа што Северна Македонија ќе потпише анекс во кој се вели дека нема да има претензии кон територијата на Бугарија, но не е доволно и не станува збор за тоа. Тоа се подразбира. Нема земја во ЕУ која изјавува дека имаат територијални претензии. Во декларацијата од 1999 година пишува дека ниту една од двете страни нема територијални претензии. Основното од кое бегаат како ѓавол од темјан во Северна Македонија е манипулацијата со историјата. Сега се прават дека не доразбрале, дека не им даваме да се самоопределат како Македонци и не им го признаваме јазикот. Основниот елемент е историјата, ништо друго не е важно“, вели Ковачев.

Тој додаде дека ако Северна Македонија не ги призне тие реалности тогаш прегворите ќе бидат одложени и нема никаква драма околу тоа.