Бектеши одбива да ја претставува Македонија на меѓународен форум ако и Косово не е таму

Министерот за економија Крешник Бектеши нема да оди на форум за енергетика закажан за во четврток во Молдавија бидејќи не била поканета косовска делегација.

Во писмото што Министерот за економија, Крешник Бектеши го испратил до Енергетската заедница во Молдавија, во кое одбива да оди поради тоа што на истиот не е поканета Република Косово за прв пат во официјален документ на македонската влада се користи терминот северномакедонски.

Во писмото потпишано од шефот на кабинетот на Бектеши Исмаил Љума меѓу другото стои дека во 2018 година „Северномакедонското“ претседателство со регионалната енергетска асоцијација презела мерки.

Според официјалните македонски позиции на Владата македонскиот идентитет со преспанскиот договор е бетониран. Вицепремиерот Анѓушев, искоментира дека тоа е негова лична одлука, а не на владата.

Освен што сега за прв пат самата влада користи придавка северномакедонски во два наврати за една недела македонија на два различни настани во ЕУ и НАТО беше прикажана со кодовите НОМ и НМ наместо со МК или МКД.

Бектеши не е единствениот функционер кој одби да присуствува на настан поради непоканетото Косово. Во февруари 2018та година и вицепремиерот Бујар Османи заедно со поранешниот министер за надворешни работи на Албанија, Бушати, ја бојкотираа конференцијата за земјите од Западен Балкан во Босна и Херцеговина. Тогаш Османи се правдаше дека не постапува спротивно на државните интереси и одлуката ја донел како европеец, а не како Албанец.