Филипче: Полицискиот час не е трајно решение

Министерот за здравство Венко Филипче во „Топ тема“ истакна дека полицискиот час не е трајно решение, ако граѓаните не сфатат колку е важно почитувањето на мерките.

Ако граѓаните не се свесни дека мора да ги почитуваат мерките, истото ќе се случи и по укинувањето на полицискиот час. Значи, ни тоа не би било решение. Затоа ја следиме ситуацијата, се фокусираме на трансмисијата во градинките и училиштата, во случај да треба да препорачаме затворање во некоја од општините ако има таква трансмисија, но засега нема. Затоа сметам дека овој пакет на мерки што го имаме, заедно со оние законски измени во Собранието, е така димензиониран за да може да функционираат граѓаните, а сепак да биде ставен приоритет на заштита на јавното здравје. Полицискиот час не е трајно решение. Таму каде што мерките не се почитуваат, пак, ќе има раст на бројките, рече Филипче.

Тој додаде дека растот на заболени од Ковид-19 бил очекуван и дека со мерките кои се предложени се очекува трансмисијата ќе спласне за два-три месеци.