Зошто не е дозволено да бидеме насмеани на фотографијата за пасош?

На приватните фотографии луѓето најчесто се насмеани, меѓутоа на фотографијата за во пасош никогаш. Причината за тоа е бидејќи не е дозволено, поради чипот кој што се наоѓа на патната исправа.

Сите нови пасоши во себе содржат чип со биометриски податоци за нас кој се генерирани од самата фотографијата. При проверка на пасошот чипот се скенира и се истакнуваат сите карактеристики на нашето лице, од раздалеченоста на очите, просторот помеѓу брадата и носот и слично. Односно се користат таканаречени „математични мапи“.

Чипот на пасошот е главен „виновник“ зошто фотографијата не е дозволено луѓето да бидат насмеани, да носат наочари или жените претерано да се нашминкани.