Макпетрол прокнижи двојно помала добивка, во време на корона криза

Макпетрол АД Скопје во периодот јануари-септември оствари добивка од 231,1 милиони денари, што е двојно помалку во однос на истиот период од лани, кога компанијата имала добивка од 587,8 милиони денари, покажува билансот на успех на компанијата објавен преку Македонска берза.