Според информациите на Сител 10-тина македонски граѓани сакале да влезат во Бугарија со фалсификувани ПЦР тестови, но истите биле откриени и спречени во намерата од бугарските органи.
Неофицијално станува збор за компјутерски криминал со преработка на веќе издадени резултати на други лица. Засега нема детали како и по која цена ги набавиле лажните тестови и дали против некого се води истрага.
Од МВР потврдуваат дека изминатите 3 месеци имало обиди и за влез на македонска територија со фалсификат ПЦР тестови. Биле регистрирани 32 вакви случаи, 27 на граничниот премин Долно Блаце, 4 на Табановце и еден од Бугарија. Против сите биле поднесени соодветни пријави.