Министерот Оливер Спасовски позитивен на КОВИД-19

Министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски вечерва на фејсбук соопшти дека е позитивен на коронавирусот КОвид-19.
Тој во својот статус напиша:
„Почитувани, би сакал да ве информирам дека и покрај строгото почитување на мерките коишто ги превземам за моја лична и заштита на луѓето околу мене од почетокот на пандемијата, вечерва добив позитивен резултат за Ковид 19.
Клиничката слика ми е добра, со благи симптоми и веќе сум во домашна самоизолација.
Чувајте се.“