Сајкоски: Се сретнав и со оние кои ја критикуваат партијата, сите во ВМРО-ДПМНЕ заеднички треба да делуваме и да ја направиме Македонија подобра држава

СДСМ нема политика, нема стратегија додека во ВМРО-ДПМНЕ за разлика од СДСМ има јасни ставови, рече Ѓорѓија Сајкоски, генерален секретар на ВМРО-ДПМНЕ на гостувањето на телевизија Алфа во емисијата „Заспиј ако можеш“.

-Во иднина планираме да имаме отворен ден за да имаме средби со нашите членови. Со сите без разлика дали ажурирале членство или не. Планот е да почнеме со месните комитети и да стигнеме до Централнииот комитет. Ќе ги слушнеме нивните идеи и ќе ги вградиме во нашето делување, укажа Сајкоски.

Јас, додаде тој, сум постојано на терен со своите сопартијци.

-Со моето доаѓање на позицијата генерален секретар зборував и со оние незадоволни и оние кои го напаѓаат ВМРО-ДПМНЕ бидејќи треба сите заеднички да работиме, тоа им го должиме на граѓаните. И мислам дека во следниот период и тие ќе се вклучат во делот каде можат, рече Сајкоски и додаде дека не сака да зборува за поединци.

-Сите кои се на позициии треба да вратат на членовите, симпатизерите, граѓаните и да работиме сите заедно. И ова се однесува за сите кои ја критикуваат партијата, рече Сајкоски.

Според него ВМРО-ДПМНЕ ќе работи со сите членови, симпатизери на јасна визија за квалитет на живот, подобрување на единството во државата и тоа по сите основи.

-Сите кои се на позициии треба да вратат на членовите, симпатизерите, граѓаните и да работиме сите заедно. И ова се однесува за сите кои ја критикуваат партијата, рече Сајкоски.

Сајковски информираше дека во најава нема Конгрес за кој толку многу се зборуваше.

-Претседателот Христијан Мицкоски има силна и јасна поддршка од структурите на партијата, од членството, рече Сајкоски.