Заврши состанокот на Кризниот штаб: Кои се новите мерки против ковид-19?

Заврши седницата на главниот кризен штаб на кој се анализираат последните случувања со коронавирусот во Македонија и препораките кои се добиваат од страна на Комисијата за заразни болести, јавува ТВ 21.

На утринскиот состанок, не се доставени нови рестриктивни мерки од комисијата, но рапидниот број на заразени може да го промени тоа во следните денови.

Изворите за ТВ21 брифираат дека не е исклучена можноста доколку продолжи зголемувањето на бројот на заразени, повторно да има полициски час.

Министерот за здравство Венко Филипче и претседателот на Комисијата за заразни болести Жарко Караџовски за денеска во 13 часот закажаа прес-конференција.