Луис Хамилтон влезе во историјата на Формула 1

Возачот на Мерцедес, Луис Хамилтон испиша нови страници во историјата на Формула 1 откако стана рекордер по бројот на победи, со триумф на трката во Португалија, 12-та трка од овогодинешниот шампионат.

Британецот се најде на подиумот по 92. пат на патеката „Алгарве“ и со тоа стана неприкосновен по бројот на победи во историјата, надминувајќи го Михаел Шумахер. Хамилтон постави нов рекорд во својата 14-та сезона во Формула 1, во 262-та трка во својата кариера.

Претходниот рекорд поставен од Шумахер беше на сила повеќе од 14 години, поточно од Гран при на Кина во 2006 година.

Хамилтон дојде до рекорден триумф со предност од 25 секунди пред неговиот тимски колега, Валтери Ботас. На подиумот, на Мерцедес им се придружи возачот на Ред Бул, Макс Верстапен.