Владата ги објави платите на советниците во кабинетот на Заев, меѓу најплатени и Верушевски

Владата на својата интернет-страница, како што најави, започна со објавување на нето-платите на вработените во канцеларијата на премиерот Зоран Заев, како и на надворешните соработници.

Кај вработените убедливо најплатен е поранешниот разузнавач Зоран Верушевски, кој како советник за национална безбедност добива 74.618 денари.

Останатите добиваат 55.268 денари. Засега на листата има само 23 вработени со објавени плати, иако на таа има десетици советници.

Кај надворешните соработници се формира нова листа, откако на претходните им истече договорот во 2019 и 2020. Засега има само четворица, а најплатена е Нина Фити-Неделковска, инаку ќерка на професорот и академик Таки Фити, со 50.000 денари нето приход.

Извор: Фактор