Маричиќ: Судството треба и може да функционира онлајн

Одложувањето поради состојбата со коронавирусот во последните десетина дена стана пракса па поради тоа Министерот за правда Бојан Маричиќ смета дека поради новата состојба со коронавирусот и судството треба да функционира онлајн.

„Ова ново време на светска пандемија, донесе нови предизвици и за правосудството и бара нови решенија како да функционира системот, да продолжат судските рочишта и постапките пред судовите и обвинителствата. Учениците, наставниот кадар и образовниот систем со извонредна посветеност, соочувајќи се со многу предизвици, покажаа дека системот во овие времиња треба и може да функционира и онлајн“, вели Маричиќ во виде обраќањето по повод Европскиот ден на правдата, 25 Октовмри.