Американскиот претседател Доналд Трамп соопшти денес дека Судан е трета арапска земја која постигнала договор за нормализација на дипломатските односи со Израел.
„Претседателот Трамп објави дека Судан и Израел се согласиле да ги нормализираат односите, што е уште еден огромен чекор кон градење на мир на Блискиот исток, откако уште една држава се придружи на договорот на Абрахам“, напиша на Твитер портпаролот на Белата куќа Џуд Дир.
Објавата следи откако Белата куќа соопшти дека американскиот претседател Доналд Трамп го известил американскиот Конгрес дека ќе го тргне Судан од листата на држави кои спонзорираат тероризам, соопшти денес Белата куќа, по што таа африканска земја префрлила 355 милиони долари на сметката за американските жртви на тероризам и нивните семејства.
Судат е трета арапска земја која ќе ги нормализира односите со Израел, по Обединетите Арапски Емирати и Бахреин, кои договорот со таа земја го потпишаа на 15 септември во Вашингтон.
