Бугарскиот Премиер Борисов во самоизолација

Премиерот на Бугарија Бојко Борисов е во самоизолација откако имал контакт со заменикот министер за градежништво Николај Нанков, кој бил позитивен на коронавирус.

Борисов се тестирал денес пред средбата во Софија со Кеј Кач, членот на американскиот Стејт Департмент за економски раст, енергија и животна средина, пренесе „Ројтерс“.

Претходно Борисов е информиран дека Нанков е заразен со Ковид-19. Поради што ќе остане дома додека здравствените работници не проценат дека е безбедно да излезе од карантин.

„Чекам инструкции од здравствените работници и до тогаш ќе бидам во самоизолација. Последниот контакт со Нанков го имав во понеделник“, напиша Борисов на Фејсбук.