(ВИДЕО) Георгиевски за „Бгнес“: Сакаме зближување со Бугарија, Гоце Делчев нè обединува

Лидерот на ВМРО-Народна партија, Љубчо Георгиевски, во интервју за „Бгнес“ потенцира дека Македонија сака зближување со Бугарија и дека Гоце Делчев нè обединува.

Тој вели дека југословенската историографија ја признала македонската нација како најмлада на Балканот, а дека Никола Груевски со антиквизацијата ѝ нанел тежок удар.

„Треба да ги признаеме заслугите на Зоран Заев поради неговата желба за пријателство со Бугарија. Заев и Бојко Борисов треба да најдат решение со кое ќе се тргне кон историско доближување. Во Македонија се создаде кампања дека Бугарија бара да се промени Уставот на Македонија, што не е точно, од друга страна, многу лошо ќе биде ако Бугарија стави вето за Македонија пред Европската Унија“, вели Георгиевски.