Последната дебата меѓу Доналд Трамп и Џо Бајден се одржа во Нешвил пред американските претседателски избори закажани за 3 ноември, а двајцата кандидати беа придружувани од сопругите Меланија Трамп и Џил Бајден.
Еден детаљ што многумина го пропуштија беше дека Меланија и Доналд конечно се држеа за рака во еден момент, но корисниците на Твитер го забележаа и моментот кога претседателот едноставно ја оддели раката од неговата сопруга.
Да потсетиме, ова беше последната дебата на двајцата кандидати, а републиканецот и демократот разговараа за низа прашања.