Адвокатот Тони Менкиновски на синоќешното гостување на Алфа телевизија во емисијата „Уредниците на Алфа“ зборуваше за отвореното писмо до вицепремиерот и министер за одбрана на Бугарија, Каракачанов и кривичната пријава што Каракачанов ја има поднесено против него.
Менкиноски кој е бранител на неколку македонски организации на Македонците од Пиринска Македонија пред судот во Стразбур добива јавна закана и кривична пријава од бугарскиот министер за одбрана, Каракачанов, а кривичната пријава е веќе и во фаза на обвинение, имено луѓето кои ги застапува Менкиноски пред судот во Стразбур веќе се повикани во полиција на распит и информативни разговори.
Во врска со делот на обвинението кое се однесува до него, тој напомена дека тоа е страшно за една цивилизирана земја за било кој да посегне против адвокатот на странките, а посебно земја членка на ЕУ, каде министер за одбрана се заканува на адвокат од друга земја во врска со неговото застапување пред судот во Стразбур.
Ова не е нормална појава, ова ќе биде пред Парламентарното собрание на Советот на Европа. Ова е обид да се влијае врз мене за да дадам лоша и неделотворна одбрана бидејќи како адвокат се појавувам во повеќе предмети, рече Менкиноски.
Ова што Каракачанов го сторил е спротивно на Европската конвенција за заштита на адвокатите и за овој случај се известени меѓународните организации меѓу кои и Обединетите Нации и Совет на европа.
Се работи за еден процес во кој ние Македонците ќе им дадеме на Бугарите една светлина, да имаат подобра држава со тоа што ќе го признаат Македонкото малцинство, истакна Менкиноски.
Во врска со ОМО Илинден Пирин истакна дека тоа е сериозна организација во Бугарија кој успеа да собере повеќе од 5000 членови што ја прави релевантна организација. Таа од 2000-та година е забранета од властите во Бугарија поради сепаратизам, но одлуките од судот во Стразбур го докажуваат токму спротивното, дека нема сепаратистичко однесување и дека тие само бараат можност да го зборуваат Македонскиот јазик и да се изјаснуваат како Македонци, односно да живеат најнормално во една цивилизирана и европска земја.
Овој процес, бидејќи Бугарија е под мониторинг на Совет на Европа и ова однесување на министерот за одбрана на Бугарија е израз на голема слабост. Ова е само една епизода од борбата на Македонците, овој процес ќе продолжи. Такви ситни обвиненија против мене и луѓето што ги застапуваат овие организации не е ништо ново, процесот продолжува под мониторинг, и епилогот на крај ќе биде Бугарија да го признае Македонското малцинство, истакна Менкиноски.
Според Менкиноски се додека не се реши Македонското прашање, на балканов ќе имаме проблеми.