Игор Дурловски го напушта парламентот

Игор Дурловски пратеник и носител на листа на предвремените избори за пратеници од редовите на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата Обнова на Македонија вечерва соопшти дека ќе си поднесе оставка од функцијата пратеник.

Тој во својот фејсбук статус пишува:

„Националните интереси, правда за неправедно прогонетите и нормална држава за нашите деца беа/се мои приоритети. Пратеничката фотеља боде кога политичката прагма станува поважна од моралот. Затоа, го напуштам Собранието на Република Македонија, а на колегите од Коалицијата „За обнова на Македонија“ им посакувам истрајност, доследност, мудрост, којашто сум сигурен дека ја имаат. Тоа што го зборував не можам да го направам, но сега нема да зборувам а ќе продолжам да го правам! Останувам доследен на моите поддржувачи и нивниот глас.

Нека ни е честит денот на македонската револуционерна борба.“