Кристијано повторно е позитивен на Ковид-19, нема да игра против Барса

Ништо од долгоочекуваниот шампионски дуел Роналдо – Меси, португалецот сеуште позитивен на Ковид-19.

Јувентус во дербито на второто коло од Лигата на шампионите ќе мора да игра без својот најдобар фудбалер Кристијано Роналдо, кој уште е позитивен на корона-вирус. Португалецот пред девет дена доби лоши резултати од тестирањето и замина во изолација, а за да може да игра во ЛШ, мора на една недела пред мечот да има негативен тест, што не е случај.

Вистинска штета е што нема да гледаме дуел на Кристијано Роналдо во дрес на Јуве против Лионел Меси со Барселона. Ќе треба да почекаме до наредниот нивен дуел кој треба да се игра во Барселона и кој можеби ќе го одреди победникот во групата.

Веста дека Роналдо уште е позитивен ја објавија португалски медиуми, засега од Јувентус нема ниту потврда, ниту демант на веста. Старата дама ќе мора да се снаоѓа без Роналдо и викендов против Верона, но она што повеќе ги боли е што нема да може да им се спротивстави на Каталонците.