Во Собранието денес ќе се одржат седници на 4 комисии

Во Собранието на Република Македонија за денес се закажани седници на 4 комисии. 

Постојаната анкетна комисија за заштита на слободите и правата на граѓанинот во 09:30 часот часот ќе ја одржи првата седница на која ќе се разгледува претставка од граѓанин. Со претставката се бара од Собранието да утврди дека му се повредени основните Уставни и законски права на подносителот во однос на неговиот работен однос. 

Собранието денес ја завршува амандманската расправа за ребалансот на Буџетот во Комисијата за финансирање и буџет по што треба расправата да се префрли на пленарна седница. 

Комисијата за надзор над спроведување на мерките за следење на комуникациите закажана на во 13:00 часот ќе ја одржи првата седница на која ќе донесе Деловник за својата работа и ќе донесе Одлука за ангажирање на двајца технички експерти за постојана поддршка во Комисијата. 

Законодавно-правната комисија ќе го разгледува ребалансот на Буџетот.