Грузиската полиција ослободи 43 заложници во банка

Вкупно 43 лица, кои со часови беа држени во заложништво на маж во банка во грузискиот град Зугдиди, се ослободени од полицијата, соопшти Министерството за внатрешни работи на Тбилиси, цитиран од ТАСС.

Напаѓачот е уапсен, а локалната телевизија соопшти дека тој доброволно се предал.

Тој ги зеде како заложници клиентите и вработените. Според локалните медиуми, тој побарал пари, како и да ја напушти зградата непречено, но постепено започнал да испушта некои луѓе надвор.