Кризата остави без работа околу 15 илјади луѓе, вкупно без работа се над 150 илјади лица

Со состојба на 30.09.2020 година евидентирани се 14.819 невработени лица по основ на прилив од работен однос за кои престанокот, односно одјавата од задолжително социјално осигурување е регистрирана во периодот по 11 март годинава, односно во периодот на кризата предизвикана од ковид -19 вирусот, информираат од Агенцијата за вработување.

Повеќе од 2.000 лица останале без работа само во септември, покажуваат податоците на Агенцијата за вработување. Со ова, бројот на изгубените работни места поради кризата предизвикана од ковид 19 се приближи до 15.000.

-Со состојба на 30.09.2020 година евидентирани се 14.819 невработени лица по основ на прилив од работен однос за кои престанокот, односно одјавата од задолжително социјално осигурување е регистрирана во периодот по 11 март годинава, односно во периодот на кризата предизвикана од ковид -19 вирусот, информираат од Агенцијата за вработување.

Вкупниот број на невработени кои активно бараат работа на крајот на септември се искачил на 151.359, од кои над 2.000 прв пат се пријавиле како невработени. Со тоа бројот на лица евидентирани како активни баратели на работа на крајот на септември е за 6.600 поголема отколку на крајот на август. Бројот на невработени во државата од март, кога почна кризата до крајот на минатиот месец е зголемен за близу 44 илјади.

Извор: Вечер