Шекеринска со честитки до питомците: Дајте се од себе, помогнете ни да бидеме уште подобри

Денешниот ден е во духот на младоста и мотивацијата да се научи нешто ново и да се биде подобар. Да се влезе во суштината на воената академија, но и да се научи нешто ново, изјави министерката за одбрана Радмила Шекеринска за време на свечената заклетва и на промоцијата на питомци на Воената академија  во Скопје.

– Армијата оправдано има најголема доверба кај граѓаните, а јас сум сигурна дека и вие ќе ја одбраните таа доверба, рече таа.

Таа потенцираше дека 18 жени и 22 мажи го почнуваат военото образование кои следните четири години ќе ја научат благодарноста на униформата и додаде тоа да биде мотив да покажат дека се еднакви со питомците.