Дибиров: Сакаме да покажеме дека Фленсбург беше само почеток на нашата идеја

Вардар одигра фантастичен меч против Фленсбург и дојде до голем триумф кој може да има големо влијание за самодовербата во понатамошниот тек од сезоната.

Тиумр Дибиров вели дека мечот со Фленсбург е само почеток, тие сакаат да играат уште подобро и ќе го покажат тоа против Порто.

„Знаеме дека Порто е многу квалитетен противник, независно е каде играте, дома или на гости. Многу незгодна екипа со тактика „7 на 6“ и кога им е најтешко, тогаш ја играат најдобро. Што се однесува до нас, сакаме да потврдиме дека сме на добар пат, дека можеме уште подобро и дека нашата авантура оваа сезона почна од победата со Фленсбург. Сега треба да продолжи и да биде подобра и подобра. Знаеме дека ќе биде тешко, дека нема лесен противник, но играме дома и мора да победиме. Излегуваме со мисла во главата дека сакаме да играме уште подобро отколку со Фленсбург“.