Алармантна е ситуацијата во Словенија, регистрирани 1.503 нови случаи

И покрај полицискиот час и новите владини мерки, во Словенија е регистриран рекорден број на новозаразени. Во последните 24 часа се тестирани 5.891 лица, а од тој број 1.503 се позитивни.

Бројот на активни случаи во Словенија сега е зголемен на 8.860.

Починале уште осум лица, што го зголемува вкупниот број на починати од коронавирус во Словенија на 200, јавува РТВ Словенија.

Во Словенија вчера е воведен прв полициски час од нејзината независност.