Северна Кореја продолжува со нуклеарни тестирања?
Според државната телевизија КЦНА, тестирањето дало резултати кои ќе помогнат во надградбата на стратешката позиција на земјата.
Не се познати детали за тестирањето, но Ројтерс истакна дека тој полигон претходно бил користен за лансирање ракети во вселената.
Аналитичарите сметаат дека е тестиран нов мотор на проектили што може да се користи за проектили со долг дострел или интерконтинентални балистички проектили.
Соха е сместена на северозападниот дел на земјата, на границата со Кина, постројката е напуштена во 2018 година.
Тестирањето е изведено во време кога Северна Кореја предупредува дека ќе тргне по нов пат поради застојот во преговорите со САД за денуклеаризација.
Во врска со ова американскиот претседател Донал Трамп изјави:
„Ким Јонг Ун е премногу паметен и има премногу да изгуби, всушност може се да загуби, ако се однесува на непријателски начин. Тој потпиша силен договор за денуклеаризација со мене во Сингапур. Тој не сака да го поништи неговиот посебен однос со Претседателот на Соединетите Држави или да се меша во претседателските избори во САД во ноември. Северна Кореја, под водство на Ким Јонг Ун, има огромен економски потенцијал, но мора да го уништи нуклеарното оружје, како што вети. НАТО, Кина, Русија, Јапонија и целиот свет се обединети по ова прашање!“
https://www.facebook.com/DonaldTrump/posts/10163630159545725