ВМРО-ДПМНЕ: јавноста треба да дознае кон кои фирми должи СДСМ и дали тие фирми моментално трпат сериозни закани и притисоци?

Фабриката за лажни вести на СДСМ залудно се обидува да ја манипулира јавноста прикажувајќи нешто дека е криминално дело кога е законски.

Да имаше криминално дело СДСМ досега ќе кажеа според кој член на законот постоењето на долг е казниво. Но молчат бидејќи таков член во законот не постои.

Впрочем да беше казниво СДСМ ќе требаше сами себе да се казнат и своите коалициони партнери бидејќи тие во нивниот финансискиот извештај по претседателските избори прикажале дека имаат долг од точно 2.476.000 денари.

Јавноста треба да дознае кон кои фирми должи СДСМ и дали тие фирми моментално трпат сериозни закани и притисоци?

Сакајќи да прикажат скандал СДСМ и Оливер Спасовски самите се вплеткаа во сопствената мрежа и лицемерие.

Доколку се според закон СДСМ ќе ги објави фирмите кон кои должи, а Спасовски ќе влезе во испитување на долгот на СДСМ од 2,5 милиони денари.

СДСМ и Михаузен Костадинов наместо да бараат алиби, треба да излезат со одговори.