Кинеските милијардери го зголемија своето богатство за 1,5 билиони долари во корона-кризата

Најбогатите луѓше во Кина заработија рекордни 1,5 билиони долари во 2020 година, повеќе отколку изминатите пет години заедно, откако е-трговијата и е-игрите за време на блокирањата во пандемијата бележат пик.

Во „кризата“ уште 257 лица се приклучија на клубот милијардери во втората по големина економијата во светот, според годишната листа на Хурун.

Во државата сега има вкупно 878 милијардери, повеќе од САД каде има 627 лица тешки над милијарда долари.

Во август имало околу 2.000 лица со нето вредност на имотот над 300 милиони американски долари.

Џек Ма, основач на Алибаба, уште еднаш се најде на врвот на листата откако неговото богатство се зголеми за неверојатни 45 проценти до 58,8 милијарди долари, бидејќи мрежните трговски фирми забележаа наплив на деловна активност заради тоа што луѓето со месеци беа со рестрикции.

По него следува Пони Ма (57,4 милијарди долари), шеф на гејмерски гигант и сопственик на WeChat, Тенсент, кој заработи дополнителни 50 проценти и покрај загриженоста за изгледот на неговата фирма во САД, откако таму и се заканија забрани поради стравувања за националната безбедност.