Заев: Бугарија не бара промена на Уставот и решението не е преку нов договор

Премиерот Зоран Заевна денеска истакна дека Бугарија не бара од Македонија промена на Уставот и решението не е преку потпишување на нов договор.

-Договор ние веќе имаме. Тоа е Договорот за пријателство и добрососедство со Бугарија. Низ тој договор се решаваат историски поглавја што треба да бидат дел од нашето заедничко чествување низ кое ќе го градиме пријателството, а тоа е како дел од заедничката историја. Во договорот што е потпишан, потпишан е на македонси јазик и на бугарски јазик, се зборува за двата народа. Нашиот македонски јазик и македонски народ е впишан во ОН и признаен од целиот свет, заради тоа што се уште има дилема во наративот од пријателска Бугарија „ние ја признаваме реалноста за постоењето на акедонскиот јазик и македонскиот народ“. Очекувам исчекор и израз на огромно пријателство, тоа го чувствува бугарскиот народ спрема македонскиот народ, тоа го чувствува македонскиот народ спрема бугарскиот народ, очекувам јасен недвосмислен исказ за потврда на нашиот македонски јазик и македонски народ. Ниту има потреба, ниту држави признаваат идентитет, ниту држави се повикани да признаваат идентитет, рече Заев.

Најави дека во следниот период ќе продолжат разговорите на заедничката Комисија за историските прашања, изразувајќи охрабрување да продолжат со засилена динамика. Истакна дека право и обврска на заедничката Комисија помеѓу Македонија и Бугарија да ги решаваат историските поглавја и историските личности заради определбата во договорот да преку нив заедно чествуваме и го зголемуваме пријателството помеѓу двете земји.