Дали Владата ќе ги прифати новите предлог рестрикции ?

Членовите на Комисијата за заразни болести утрово се на состанок во Владата со премиерот Зоран Заев. Разговараат за новите мерки, кои Комисијата ги предложи во петокот.

По алармантниот број новозаболени, Комисијата во петокот предложи ограничување на работата на угостителските објекти, забрана за огранизирање на секакви настани и преполовување на капацитетите во јавниот превоз.