Заев: Април 2021 е месецот за спроведување на пописот

во 13:45 часот

Пописот го одложивме бидејќи Мицкоски и опозицијата бараа да биде одложен неколку месеци пред пандемијата и го направивме тоа, изјави премиерот Зоран Заев.

Според него, пописот и резултатите, никако не влијаат на Уставот, на Рамковниот договор, или слично.

Како што спомена тој, пописот треба да се спроведе заради рамномерниот развој, економските параметри, статистиките коишто ни требаат во државата.

“Има правила Евростат и треба да ги почитуваме до крај. Април 2021 е месецот за спроведување на пописот”, рече Заев.

Пописот го одложивме бидејќи Мицкоски и опозицијата бараа да биде одложен неколку месеци пред пандемијата и го…

Публикувахте от Zoran Zaev в Неделя, 18 октомври 2020 г.