Продолжува окрупнувањето на десничарската проопозициска структура – ФРОДЕМ преминува во ВМРО-ДПМНЕ

За мене претставува посебна чест и задоволство еве да соопштам дека уште една десничарска проопозициска структура во Македонија се приклучува кон ВМРО-ДПМНЕ, а тоа е ФРОДЕМ, изјави претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.

“Како што и претставникот самиот кажа препознавајќи ги политиките на новото раководство, а потребите на новото време за обединување на опозицискиот фронт ФРОДЕМ одлучи во иднина да дејствува во рамките на структурите на ВМРО-ДПМНЕ како политичка партија”, потенцира Мицкоски.

Тој истакна дека дека ова окрупнување на опозициските партии во иднина ќе продолжи. Состојбата во Македонија е, како што спомена Мицкоски, на ниво национална катастрофа, катаклизмична и алармантна, ова не го зборувам само со цел да звучам како опозициски лидер, туку едноставно го зборувам како човек. Не може да најдеме и да издвоиме на кое поле Македонија е денеска држава која што блеска, како што тоа мафијата во владата љуби да го каже. Буквално во економијата, во здравството, во образованието, културата, спортот, буквално на секој план ние денеска тонеме се повеќе и повеќе на дневна основа, истакна тој.

Мицкоски ги повика сите оние кои што гледаат политички противник во мафијата на власт, да им се приклучат и заеднички да се борат против криминалот, корупцијата, понижувањата, омаловажувањата, срамот кои што се присутни веќе четврта година на македонската политичка сцена.

Мицкоски изрази огромна благодарност до господата од ФРОДЕМ кои што одлучија да надминат голем број од бројот на проблемите кои што беа присутни во минатото, да се приклучат кон ВМРО-ДПМНЕ и заеднички да се бориме, како што спомема рок, за една подобра и посреќна Македонија и за една заедничка иднина во Македонија.