Царовска: Пристапот до квалитетно образование е најдобра превенција од сиромаштијата

Пристапот до квалитетно образование е најдобрата превенција од сиромаштијата, затоа како министерка ја продолжувам мојата силна заложба за искоренување на сиромаштијата и подобрување на условите за учење во државата,  истакна министерката за образование и наука Мила Царовска по повод одбележувањето на Меѓународниот ден за борба против сиромаштија.

-Немањето пристап до добро образование е директно поврзано со сиромаштијата. Наш врвен приоритет е да обезбедиме еднаков пристап до учење на сите деца и да го подобриме квалитетот на целиот образовен процес преку низа реформи. Со ова директно ќе ги подобриме шансите за развој, вклучување во општеството на секое дете и негово вработување по завршувањето на образованието, рече Царовска.