(ФОТО) ПОТСЕТУВАЊЕ НА ПОЛИЦИСКИОТ ЧАС: Почитувајте ги мерките за да не го преживуваме истото сценарио

Започнаа да се остваруваат црните сценарија кои беа најавувани од страна на здравствените власти дека не чекаат тешки месеци. Пандемијата насекаде во Европа фаќа замав и бројот на заразени лица од ден на ден се зголемува.

Ниту Македонија не изостанува од оваа црна статистика, од ден на ден имаме се повеќе и повеќе заразени лица. Веќе неколку дена имаме од 400 до 500 нови регистрирани случаи на Ковид -19. Зголемениот број на случаи како што тврдат сите здравствени лица и епидемиолози се исклучиво резултат на непочитување на мерките.

Поради тоа Комисијата за заразни болести и Министерството за здравство веќе започнаа да дискутираат за воведување на нови порестриктивни мерки кои ќе го ограничат движењето на граѓани.

Апели за почитување на мерките пристигнуваат од сите страни, но никако граѓаните да се навикнат да ги почитуваат. Токму затоа во прилог фото-галерија која има за цел да не потсети низ што поминавме и да ја подигне свеста кај граѓаните за почитување на мерките.