САД ќе погубат жена за прв пат по 70 години

Жена осудена на смрт на сојузно ниво ќе биде погубена во САД за прв пат по 70 години, објави Министерството за правда на земјата.

Казната ќе биде извршена на 8 декември. Осудената Лиза Монтомери беше прогласена за виновна за особено бруталното убиство на бремена жена во 2004 година.

Егзекуцијата ќе се изврши со смртоносна инјекција во Индијана.

Министерството го закажа и погубувањето на Брендан Бернард, кој уби двајца политичари во 1999 година.