Додека луѓето од Балканот како најчеста дестинација за мигрирање ја избираат Германија, мнозинство германски мигранти заминуваат во странство поради работа и повеќе пари.Најголем дел од нив се академски граѓани.

Германските имигранти претежно се високообразовани академски граѓани во најдобри години- 76 отсто од нив имаат универзитетски дипломи или се доктори на науки, односно три четвртини, но само една четвртина од германското население има високо образование. Повеќето се меѓу 20 и 40 години. Ова се податоци од студијата на Сојузниот завод за истражување на населението.

Според студијата, голем дел од испитаниците имигрирале од професионални причини.

– Често е тоа следен чекор во кариерата – рекол политикологот Андреас Ете.

Само 18 отсто од испитаниците одговориле дека Германија ја напуштаат поради незадоволство од животот во својата земја. За голем дел од имигрантите заминувањето во странство и финансиски им се исплатело.