Армијата на Република Северна Македонија од денеска, за првпат директно, со 44 нејзини припадници, ќе учествува во мисија како 30-та земја членка на НАТО.
Припадниците на нашата Армија заминуваат во КФОР на Косово, а првата ротација е составена од штабни офицери и вод за обезбедување, кои ќе бидат распоредени во главната команда на мисијата и командата „Запад“.
По повод нивното заминување, денеска во касарната „Илинден“ во Скопје, ќе се одржи воена свеченост.
За оваа мисија, припадниците на Армијата поминаа низ потребниот процес на обука, подготовки и селекција, за изведување на задачите кои ги очекуваат за време на мисијата.
Припадниците на Армијата веќе 18 години се дел од мировните мисии ИСАФ и „Одлучна поддршка“ во Авганистан, „Слобода за Ирак“, АЛТЕА во Босна и Херцеговина и УНИФИЛ во Либан.