Ова се новите предложени рестриктивни мерки на Комисијата за заразни болести

Утрово, на Комисијата за заразни болести разговаравме за дополнителен пакет рестриктивни мерки кои по евалуацијата на состојбата во следните денови, доколку има потреба, до Владата ќе го предложиме во понеделник, соопшти министерот за здравство, Венко Филипче.

– Ограничување на капацитетот на луѓе во јавниот превоз, до 50%;
– Целосна забрана за секакви настани и крај на работното време на сите економски оператори, субјекти во 23 часот;

Пакетот на рестриктивни мерки, којшто веќе е предложен до Владата е во собраниска процедура, очекуваме следната недела Собранието да го изгласа – задолжително носење маски на отворено, забраната за групирање после 22 часот и забраната за домашни посети.

Доколку продолжи трендот на зголемување на случаите, овој пакет мерки заедно со оној треба да помине во Собрание мислам дека сериозно ќе го забави и ќе ја редуцира можноста за трансмисија на вирусот, изјави Филипче.