Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски појаснува на фејсбук со примери од регионот дека според трошоците за живот, македонските граѓани плаќаат една од најскапите струи во Европа.
Според Државниот завод за статистика, просечната плата во Македонија за јули месец изнесува 27.231 денари или 441,87 евра, струјата ја плаќаме по 4,77 ден/kWh. или 0,077 евра/kWh.
За споредба, во Словенија просечната плата е 1114 евра, а таму граѓаните струјата ја плаќаат по 0,16 евра/kWh.
Или народски кажано, плаќаат двапати поскапа струја, а имаат скоро трипати повисока просечна плата од нас.
Уште една споредба со соседно Косово, таму просечната плата е повисока од нашата – 602 евра, а плаќаат пониска цена – 0,06 евра/kWh. – Пишува Мицкоски