По дел од аферите во работата на Националната агенција за европски образовни програми и мобилност со која раководи Лидија Димова, заменик-претседателот на Владата задолжен за борба против корупцијата и криминалот, одржлив развој и човечки ресурси, Љупчо Николовски, во вчерашното интервју во емисијата „Клик плус“ на ТВ21 рече дека ќе бара нејзино разрешување.
“Директорката Лидија Димова, смета дека не треба да даде оставка, но јас имам спротивен став”, напиша Николовски на фејсбук.
Тој напиша дека на наредната владина седница ќе побара оставка и разрешување на директорката на Националната агенција за европски образовни програми и мобилност.